Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАвстрија со ултиматум до ЕУ, нефер распределба според Даблинскиот договор

Австрија со ултиматум до ЕУ, нефер распределба според Даблинскиот договор

Австрија има намера да постави ултиматум до ЕУ во траење од два месеца со што би се прилагодил Даблинскиот договор, известуваат виенските медиуми.

Од австриското Министерство за надворешни работи критикуваат дека сегашната распределба според Даблин III одредбата не е воопшто фер и упатуваат закани за тужба пред Европскиот суд. Намерата е што повеќе да се притисне ЕУ за да се постигне решение за подобро распределување на бегалците низ државите членки.