Австрија погодена од силно невреме – прогласена вонредна состојба
Силно невреме синоќа погоди делови од Австрија, а најпогодено е местото Африц, каде е прогласена вонредна состојба.
Одрон го разурна местото Кра на територијата на општината Африц. Жители на Кра се евакуирани.
Обилните дождови предизвикаа одрон на земјиште што го покри целото место.
МИА