Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАвстрија бара ЕУ да ја затвори вратата за Турција

Австрија бара ЕУ да ја затвори вратата за Турција

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц повика денеска за запирање на преговорите за членство на Турција во Европската унија.

– По референдумот во Турција не можеме само да се вратиме на прашањата. Неопходно е да пројавиме чесност што се однесува до односите Турција-ЕУ, напиша Курц на Твитер.

Австрискиот министер повика за запирање на преговорите за членство на Турција во Унијата и наместо тоа да биде склучен договор за добрососедство. Канцеларот Кристијан Керн изјави дека по вчерашниот референдум, „перспективите за членство на Турција во пракса се веќе погребани“.

– Влегуваме во нова ера, нагласи тој