HomeДЕНЕШНАСветАвстрија се залага за заштита на новинарите ширум светот

Австрија се залага за заштита на новинарите ширум светот

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц укажа денеска дека постојано расте бројот на новинари кои се изложени на напади, апсење и убиства и затоа Австрија се залага за заштита на новинарите ширум светот.

Во соопштение по повод едногласното усвојување на Резолуција за безбедност на новинари, иницирана од Виена, во Советот на ОН за човекови права во Женева, истакнато е дека усвојувањето на тој документ е исклучително важно за заштита на новинарите.

– Фактот дека резолуцијата е предадена со поддршка од повеќе од 80 држави и постигнат е консензус за неа, дава особена тежина, нагласува Курц.

Според него, Резолуцијата е најсилен текст досега усвоен во Советот за човекови права на ОН и ГС.

Резолуцијата повикува на итно ослободување на уапсени новинари и осудува најостро насилно гаснење и напади врз медиумски куќи. Во неа се нагласуваат и посебните опасности со кои се соочени новинарите во време на дигитализација и се упатува повик до државите да обезбедат во закони и пракса заштита за изворите новинари.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com