Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисАвстралија Опен: Прва гренд слем титула за Кербер

Австралија Опен: Прва гренд слем титула за Кербер

Во финалниот меч во женска конкуренција на Австралија Опен, Анџелик Кербер сосема заслужено триумфираше над фаворитката Серена Вилијамс со 4:6, 6:3, 4:6, освојувајќи го својот прв трофеј на големите натпреварувања во белиот спорт. Сонот за Американката да стигне до својата 22-ра по ред гренд слем титула не се оствари.

Одличено Кербер го почна натпреварот добивајќи го првиот сет. Сепак, искусната Вилијамс се врати во вториот сет, за да Германката откако најпрво во третиот сет пропушти четири брејк топки, успеа да ја освои петтата и да дојде до брејк за 4-2. Серена успеа да се врати, но Кербер искористувајќи ја шесттата брејк топка стигна до 6-4 во третиот сет за голема победа.

Ова беше седми меѓусебен дуел на двете тенисерки во кој Серена води со скор 5-2. Кербер од понеделник ќе биде искачена на втората позиција на WTA листата.