Monday, May 1, 2017
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласАвстралија ќе уништи 2 милиони улични мачки

Австралија ќе уништи 2 милиони улични мачки

Австралија има план за уништување на 2 милиони улични и диви мачки за да го заштити животинскиот свет кој е ендемичен и е под голема закана. Владата смета дека токму уличните мачки се најголеми штетници бидејќи ловат помали цицачи и на овој начин ќе се заштитат околу 120 ретки видови на животни, но јавноста не се сложува со оваа стратегија оценувајќи ја како нехумана.

macki avstralija 2

„Уличните мачки ќе бидат прогласени за опасни штетници и ќе се ловат со различни методи, вклучувајќи труење, заловување и застрелување“, изјави Грег Хант министерот за животна средина на Австралија. Новата стратегија за заштита на биодиверзитетот ќе се спроведува во наредните пет години.