Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаАвтомобил излетал кај хотел Дреново, има повеќе повредени

Автомобил излетал кај хотел Дреново, има повеќе повредени

Автомобил кој се движел на релација Градско-Прилеп излетал од патот во близина на хотел Дреново, по што несреќата била пријавена во полиција и екипи излегле на терен за интервенција. Според првичните информации има неколку повредени лица, а се уште се врши увид, па повеќе детали државните органи ќе соопштат подоцна.