Tuesday, Sep 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепублика„Авионската бомба“ кај Цементара била оксигенска боца

„Авионската бомба“ кај Цементара била оксигенска боца

oksigenska boca2

Откако денеска од страна на ДЗС беше информирано за откриена авионска бомба при градежни работи во скопската населба Кисела Вода, по неколку часа Дирекцијата излезе со ново известување во кое се соопштува дека всушност се работело за оксигенска боца од 1,5 метри.

„По извршеното ископување утврдено е дека се работи за оксигенска боца. Нема понатамошна опасност во регионот каде беше пронајдена боцата“, информираат од Дирекцијата.