Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАвионска несреќа во Словенија, нема преживеани

Авионска несреќа во Словенија, нема преживеани

Четири лица загинаа при пад на мал авион со шест седишта во западна Словенија, соопшти словенската полиција, јави БТА.

– Нема преживеани. Полицијата се уште ги разгледува причините за несреќата, изјави претставникот на словенската полиција Деан Божин.

– Авионот, кој е регистриран во САД, летал од Венеција до Лајпциг, додаде Божин.

Идентитетот на жртвите се уште не е познат.

МИА