Friday, Oct 20, 2017
HomeДЕНЕШНАСветАвионска несреќа во Колумбија-загинаа 12 колумбиски војници

Авионска несреќа во Колумбија-загинаа 12 колумбиски војници

Дванаесет колумбиски војници вчера погинаа при пад на воен авион во земјата, соопшти колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос.

Сантос на Твитер напиша дека непосредно пред несреќата екипажот на авионот јавил дека имаат проблеми со моторот. Во несреќата погинале сите 12 патници и челнови на екипажот, пренесоа француските медиуми.

-Жалиме за тешката авионска несреќа…која го однесе животот на 12 херои на колумбиското воено воздухопловство, напиша Сантос во петокот во пораката на Твитер, во која упати искрено сочуство до семејствата на жртвите.

Авионот се урнал во регионот Лас Паломас, на околу 800 километри североисточно од престолнината Богота.