HomeАНТИСТРЕСШтосноАвион удрил жена на пат во Словенија

Авион удрил жена на пат во Словенија

На спортскиот аердром во Дол кај Љубљана помал авион, поради проблеми со слетувањето, свртел на локалниот пат и ударил жена пешак, која веднаш била префрлена во болница, соопштила словенечката полиција. Инцидентот се случил во неделата, а повредената е 61-годишна жена, која за среќа не е во животна опасност.

Полицијата наведе дека авионот од непознати причини започнал да се занесува на левата страна и со левото крило удрил во жената која ja поминувала улицата. Полицијата, инспекторатот и агенцијата за воздушен сообраќај продолжуваат со истрагата и испитување на околностите за настанот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com