HomeДЕНЕШНАРегионАвион на „Герман вингс“ крена паника на „Никола Тесла“

Авион на „Герман вингс“ крена паника на „Никола Тесла“

Патнииците на авион на компанијата „Герман вингс“ беа итно евакуирани на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград поради испуштање на чад од пилотската кабина кој настанал најверојатно поради проблем со вентилацијата во ситемот за климатизација.

„Авион на германската компанија „Герман винг“ со 149 патници и петмина членови на екипажот, којшто сообраќал на релација Родос-Келн, непланирано слета на белградскиот аеродром денеска околу 10,30 часот поради чад во кокпитот“, потврдија од  прес службата на „Никола Тесла“.

На терен интервенирале сите надлежни служби на аеродром вклучувајќи и протипожарна служба, која по детален преглед на леталото утврдила дека нема пожар. Според процедурата сите патници со автобуси се пренесени до аеродромската зграда, па по отстранување на дефектот се очекува леталото да се најде пак во воздух.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com