Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАвион експлодира и се урна над „Лидл“ во Лисабон

Авион експлодира и се урна над „Лидл“ во Лисабон

Најмалку пет лица загинале кога авион експлодирал во воздух, а потоа се урнал на објект на „Лидл“ на околу 20 километри од португалскиот главен град Лисабон. Се верува дека во леталото имало најмалку четири лица и дека загинало едно лице на земја.

Возач на камион починал додека истоварал роба пред супермаркетот, а авионот паднал во негова близина.

Според првите информации, авионот експлодирал во воздух, а остатоците потоа паднале на супермаркетот. Експлозијата се случила кратко по полетувањето.

Спасувачките екипи се на лице место, а според првите информации, најмалку четири лица ги загубиле своите животи.

Локална телевизија прикажала снимка од самото место, каде може да се види густ чад. На местото на падот на авионот има повеќе од 50 спасувачи.