Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаАвиокомпаниите нема да летаат над Синај

Авиокомпаниите нема да летаат над Синај

Луфтханза и Еир Франс одлучија да ги прекинат сите авио линии кои поминуваат над областа Синај во Египет каде вчера се случи голема авионска несреќа на руската Когалимавија во која загинаа 224 лица, а има и сомнежи дека терористите на ИСИС искористиле ракети за негово рушење. Ваквата паника се обидоа да ја смират руските власти кои тврдат дека терористите немаат соодветно оружје за рушење на авиони, но стравот е присутен. Затоа додека не се расветлат сите причини за падот на Ербасот А321 сите линии ќе бидат стопирани.