HomeДЕНЕШНААвганистанката од насловната страница негирала дека поседувала фалсификувани документи

Авганистанката од насловната страница негирала дека поседувала фалсификувани документи

sharbat-gula-foto-1

Авганистанката која во 1984 година стана славна по фотографијата објавена на насловната страница на магазинот „National Geographic“, денес пред судот тврдела дека пакистанското држајванство не го добила по нелегален пат, изјави денес обивинителот во Пакистан. Шарбат Гула беше уапсена во средата во Пешевара под сомнение дека поседува фалсификувана лична карта. Таа пред судот го повлекла признанието кое му го дала на истражителот после апсењето.

Гула во 1984 година живеела во Пакистан како авганистански бегалец. Таа станала позната на само 12 години, кога магазинот „National Geographic“ објави нејзин портрет со продорни зелени очи. Фотографот Стив Макари кој ја направил оваа позната фотографијаја пронашол повторно во 2002 година. Гула повторно се појавила во Пакистан минатата година, кога властите соопштиле дека поседува лажна пакистанска лична карта.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com