Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАвганистанец ја претепувал бремената сопруга која го изгубила бебето

Авганистанец ја претепувал бремената сопруга која го изгубила бебето

Млада жена од Такар, Авганистан преживеала невидена тортура од својот сопруг кој постојано ја претепувал иако била бремена, а во тоа му помагале сестрата и мајката. Жената од физичките напади го изгубила бебето, а била и понижувана со бричење на косата и осакатување на гениталиите. Таа се наоѓа во болница каде и се укажува лекарска помош, а сопругот по кој трага полицијата се уште е во бегство.