Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамAudi Prologue Allroad Concept – Концептно во Auto Shanghai 2015

Audi Prologue Allroad Concept – Концептно во Auto Shanghai 2015

Стратезите на Audi го одбраа салонот во Шангај за прикажување на концептната верзија на серијата Prologue, овој пат со интегрален погон, и се разбира, plug-in хибриден погон.

Prologue семејството добива погон на сите тркала. Концептот со впечатлив дизајн и маркантни димензии ќе биде прикажан на Auto Shanghai 2015. Кинеските клиенти заинтересирани за моќни и софистицирани автомобили добиваат конкретна понуда со која ќе можат да ги задоволат своите зголемени апетити.

Во Prologue Allroad Concept, германците вградуваат цел куп иновативна технологија. Основната погонска единица се состои од 4.0 TFSI бензинец со двојна турбина. Сето тоа како да не е доволно па како помош се придодава и електромотор, така да целиот погонски склоп располага со поприлични 734 КС. Осум степенскиот Tiptronic силината ја пренесува на сите тркала овозможувајќи така проодност својствена за теренските возила.

Вистинскиот капацитет теренскиот Prologue го прикажува при забрзувањето кое трае неверојатни 3.5 секунди а грижата кон природата преку (повеќе)