HomeДЕНЕШНАСкопје„Ауди“ и „матиз“ гореа на паркинг во Скопје

„Ауди“ и „матиз“ гореа на паркинг во Скопје

Два автомобила, „ауди“ и „матиз“, попладнево изгореа во Скопје на паркиралиштето меѓу зградите на улицата Ленинова, спроти драгсторот „Бети“, пренесува Репортер.мк. Пожарникарите го изгаснаа пожарот, а полицијата изврши увид. Како што велат минувачите- сведоци на настанот, прво се запалило возилото „ауди“, а потоа пожарот го зафатил и „матизот“. Се утврдуваат причините за пожарот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com