Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисАТП листа: Новак го помина својот идол!

АТП листа: Новак го помина својот идол!

Најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ вчера ја започна 103 недела по ред во која тој се наоѓа на првата позиција на АТП листата. Тоа официјално претставува најдолгиот низ на чело на АТП листата, бидејќи српскиот тенисер сега зад себе го остави својот идол во тенисот Пит Сампрас кој 102 недели по ред беше најдобар.

Најдолг низ на чело на АТП листата има Роџер Федерер со 237 недели по ред на врвот, а веднаш зад него се Џими Конорс со 167 и Иван Лендл со 157 недели. Што се однесува до вкупниот број на недели на првата позиција Новак стигна до 204 недела и тоа е петти најдобар резултат во историјата. Федерер го држи рекордот со 302 недели.