HomeДЕНЕШНАРепубликаАтлетичар од Штип шесто место на трка во Србија

Атлетичар од Штип шесто место на трка во Србија

Кристијан Китанов од Штип забеллежа голем успех откако на трка која се одржа во Србија поточно во градовите Чуприја и Пожаровец успеа да го освои шестото место. „Заедно со Атлетската федерација на Македонија учествувавме на двете трки на 1.000 и на 3.000 метри. Јас учествував на 3.000 метри и го освоив шестото место“, изјави младиот Кристијан Китанов.

Тој исто така истакна дека ова за него не е крај и дека моментално напорно работи на подготовки за следна трка која ќе се одржи во Скопје. „Се подготвувам за изборното првенство кое ќе се одржи во Скопје и најдобрите добиваат карта за Балканијада која ке се одржи во Чуприја, Србија“, додаде Штипјанецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com