HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАтлетико побарал титулата да му биде доделена на Шапекоенсе после големата авионска несреќа

Атлетико побарал титулата да му биде доделена на Шапекоенсе после големата авионска несреќа

1

Колумбискиот фудбалски клуб Атлетико Насионал побарал од Јужноамериканската конфедерација титулата од Судамерикана да му биде доделена на Шапокоенсе, после трагедијата и паѓањето на авионот на пат за да го одиграат првиот финален натпревар.

Како што пренесуваат локалните медиуми, претставниците на Атлетико Насионал на денешниот состанок со луѓето од Комнебола и побарале пехарот од ова натпреварување да му биде врачен на бразилскиот клуб, а на Колумбијците да им се додели место во Купот Либертадорес следната година.

Авионот со бразилска експедиција се срушил на патот кон Медељин, шест од вкупно 81 патници ја преживеале несреќата, а постои можност да има уште преживеани бидејќи истрагата е во тек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com