Tuesday, Oct 24, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАтлетик Билбао го освои Суперкупот на Шпанија

Атлетик Билбао го освои Суперкупот на Шпанија

Атлетик Билбао е освојувач на Суперкупот на Шпанија, откако во реваншот одигра 1-1 против Барселона на “Камп Ноу”, а тоа беше сосема доволно за да ја задржи позитивата од 4-0 која ја обезбеди на првиот меч на домашен терен.

Барселона имаше тешка задача да надомести четири гола, а мала надеж донесе голот на Лионел Меси во 44.минута од средбата. Сепак, сите надежи беа срушени кога каталонскиот тим во 56.минута остана со играч помалку на теренот по жестоката реакција на Жерар Пике кон помошниот судија. Тоа го искористи Адуриз кој постигна погодок во 74.минута, израмнувајќи на 1-1.

Во завршницата и гостите останаа со играч помалку, откако директен црвен картон заработи и Кике Сола.