HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамAston Martin Vulcan – Спортски луксуз и нешто повеќе!

Aston Martin Vulcan – Спортски луксуз и нешто повеќе!

На “Festival of speed“ кој секоја година се оддржува во британски Гудвуд, Aston Martin како никогаш досега успеа да ги импресионира посетителите. Во главна улога беше Vulcan, модел чие име говори доволно. Aston Martin произведува луксузни возила кои во себе носат силен спортски карактер.

Од друга страна, во нивна близина (Гудвуд) традиционално се оддржува светска манифестација на ауто мото брзината. Расположивиот потенцијал и добрата конструкторска кондиција веројатно долеале додатна доза стимул за завршување на подготовките за сериско производство и вадењето на патека на концептот, Aston martin Vulcan. Во капацитетите на Vulcan, кого спортскиот оддел на Aston Martin го искачува едно скалило над спортско луксузните возила, можеа да се уверат среќните посетители на фестивалот.
aston1Тоа што го видоа, премиерно беше прикажано на годинешниот салон во Женева а тоа што го слушнаа беше дело на најмоќниот 7.0 литарски V12. Мотор со над 800 КС, произведени од бензинец кој не користи турбо полначи или хибридна технологија, заслужува длабок респект. Чиста класика која предивикува вулкански наплив на емоции.

Службените претставници, инаку многу шкрти во изјавите, го соопштија очекуваното: забрзувањето до 60 mph (96.6 км/ч) трае под три секунди а крајната брзина надминува 200 mph (322 км/ч). Како што и му доликува на ексклузивното друштво, од Vulcan ќе бидат произведени само 24 примероци. Да, да не заборавиме, секој од нив чини по 1.5 милиони фунти!

извор:autoinfo.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com