HomeРЕФЛЕКТОР„Асос“ го враќа стилот на лејди Ди на модната мапа

„Асос“ го враќа стилот на лејди Ди на модната мапа

Мини колекција од 20 модни парчиња и асесоари се враќаат на модната сцена во стилот на покојната британска принцеза Дајана. Во фокус се ставени култните комбинации на Лејди Ди. Принцезата Дајана беше вистинска модна икона. Припадниците на понежниот пол ги копираа нејзните комбинации на облека насекаде ширум светот.

Затоа воопшто не е чудно што еден од најпознатите светски сервиси за онлајн продажба, британскиот „Асос“, ја одбра токму Лејди Ди како инспирација за својата нова колекција.

2

Се работи за мала колекција во која ќе се најдат 20 парчиња облека, од фустани, чевли и џемпери до разни модни додатоци. Во фокусот се култни комбинации на покојната британска принцеза, што ја подразбира и нејзината љубов кон розе нијансите и бисерите, односно клучни моменти од гламурот на 80-тите години од минатиот век.

lejdi-di-f1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com