Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАсмир Беговиќ има нов клуб!

Асмир Беговиќ има нов клуб!

Репрезентативниот голман на Босна и Херцеговина, Асмир Беговиќ, потпиша повеќегодишен договор со екипата на Борнмут, каде што ќе дојде како слободен агент на 1 јули, по истекот на сегашниот договор со Челзи.

Беговиќ е роден во Требиње, во 1987 година, ја започна својата кариера во помлади категории на Портсмаут, откаде често заминуваше на позајмици, прво во белгискиот Лувие, потоа во Максфилд, Борнмут, Јеовил и Ипсвич. Во екипата на Стоук беше купен за 3.75 милиони фунти и го привлече вниманието на себе во овој тим, за овој тим одигра 5 сезони 173 натпревари. Во јули 2015 година, Челзи го носи во своите редови за 10 милиони фунти.

За репрезентацијата на Босна и Херцеговина, застана на голот во 56 натпревари.