HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАшер, Лудакрис и Лил Џон ја воодушевија публиката!

Ашер, Лудакрис и Лил Џон ја воодушевија публиката!

Обожавателите во арената „Ти-мобајл“ во Лас Вегас на втората вечер од музичкиот фестивал „Ајхарт рејдио“ присуствуваа на настапите на бројни изведувачи, вклучувајќи ги и Стинг, Бритни Спирс, Аријана Гранде и Питбул, а најголема ѕвезда на вечерта беше Ашер кој настапи со Лудакрис и Лил Џон.

37-Годишниот музичар Ашер, кој неодамна настапи во Њујорк по повод „Global Citizen Festival“ чиј креативен директор е Крис Мартин, фротменот на „Coldplay“ го започна настапот во Лас Вегас со нумерата „Crash“, прва песна од неговиот нов албум „Hard II Love“.

Потоа следеше нумерата „No Limit“, но обожавателите нестрпливо чекаа на „Lovers & Friends“, кога заедно со Ашер набината излегоа и Лудакрис и Лил Џон кои ја оставија публиката во одлично расположение пред крајот на втората вечер од овој музички фестивал. Триото го заврши својот настап со мегахитот од 2004 година, „Yeah“.

arijana-i-sting

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com