HomeДЕНЕШНАСветАсанж негира руска поврзаност со мејловите на Клинтон

Асанж негира руска поврзаност со мејловите на Клинтон

julijan-asanz-klinton

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, негираше дека хакираните електронски пораки од американската Демократска партија и нејзината кандидатка за претседател, Хилари Kлинтон, се добиени од руската влада, пренесе „Раша тудеј“.

– Kампањата на Kлинтон проектира хистерија дека Русија е одговорна за се. Хилари Kлинтон неколку пати лажно тврдеше дека 17 американски разузнавачки агенции процениле оти Русија е изворот на нашите објави. Тоа не е вистина. Руската влада не е изворот – изјавил Асанж.

Тој во интервју за „Раша тудеј“ исто така ја обвини Kлинтон дека е пион на заткулисни интереси и изрази сомнежи за нејзината физичка соодветност за во Белата куќа.

– Хилари Kлинтон е само една личност. Всушност, многу ми е жал за Хилари како личност зашто гледам некој што жив е изеден од амбициите, мачен буквално до степен кога се разболува како резултат на амбициите. Но, таа претставува цела мрежа луѓе и врски со одредени земји – вели Асанж.

„Викиликс“ во последните 9 месеци објави повеќе од 30.000 имејлови од приватниот сервер на Хилари, кој таа го користела додека била државен секретар. Тука има и речиси 20.000 имејлови кореспонденција со членовите на Демократскиот национален комитет. Минатиот месец „Викиликс“ објави и повеќе од 50.000 имејлови поврзани со Џон Подеста.

Американското Министерство за внатрешна безбедност и канцеларијата на директорот на националните разузнавачки служби минатиот месец објавија заедничко соопштение тврдејќи дека е убедени оти руската влада го диригирала објавувањето на имејловите. Москва веднаш ги негираше таквите тврдења.
hilari-klinton
Во меѓувреме во Америка, телевизијата „Фокс њуз“ објави дека „властите веруваат дека постојат околу 99 отсто шанси, пет странски разузнавачки агенции да имале пристап и до мејловите на Хилари Клинтон. „Фокс њуз“ се повикува на „два одвоена извора кои имале директен увид во истрагата на ФБИ“, а британски „Индипендент“ тоа го протолкува како „веројатно“ покренување федерално обвинение против Клинтон.

По повод овие информации американската телевизија контактирала со претседавачот со Комитетот за државна безбедност во Претставничкиот дом на Конгресот, Мајкл Мекол, кој начинот на кој Клинтон се однесувала кон мејл системот додека била државен секретар на САД го окарактеризира како „велепредавство“.

– Таа им открила информации на нашите непријатели. Нашите противници ја имаат оваа многу чувствителна информација. По мое мислење, навистина искрено кажано, тоа е велепредавство, кажа Мекол во емисијата „Фокс енд френдс“. Мекол, конгресмен од Тексас, изјави и дека директорот на ФБИ претходно му кажал дека противниците (на САД) од странство веројатноо влегле во серверот на Клинтон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com