HomeДЕНЕШНАСветАсанж ќе ги потресе САД пред изборите

Асанж ќе ги потресе САД пред изборите

Џулијан Асанж на десетгодишнината од формирањето на Викиликс најави дека пред 8 ноември ќе открие нови документи кои ќе ја потресат американската политичка елита, но потврди дека нападите нема да бидат насочени против кандидатката на демократите Хилари Клинтон. Тој се обрати преку видео линк од амбасадата на Еквадор во Лондон каде се уште е во азил.

 

-Викиликс објави 10 милиони документи во претходните 10 години. Тоа се 10 милијарди зборови, во просек околу три илјади документи дневно, рече Асанж.

Тој вети дека ќе продолжи со објавувањето, дури и ако мора да поднесе оставка.

– Документите кој ќе ги објавиме вклучуваат и значаен материјал за војната, за оружјето, за нафтата, за Гугл и за американските избори, рече Асанж.

Тој наведе дека имало и многу погрешни цитирања кои сугерират дека Викиликс сака да нанесе штета на изборите во САД.

Порталот Тру пундид претходно објави дека Клинтон наводно сакала да изведе напад со дрон на основачот на Викиликс додека била на функцијата државен секретар.

Според пишувањето таа и Стејт Департментот биле под притосок да го замолчат Асанж неколку месеци пред тој да објави 250.000 дипломатски депеши од 1966 до 2010 годинa.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com