Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАсанж ги повика европјаните на акција против САД

Асанж ги повика европјаните на акција против САД

Џулијан Асанж кој овозможи да бидат откриени доказите за прислкување на САД врз тројцата последни француски претседатели го повика европските држави на акција за поведување истрага против шпионските служби. САД, од друга страна пак се обидува да ги смири сојузниците во Европа и дава гаранциите дека прислукувањето завршило, а Обама изјава дека Оланд не бил мета на следење на комуникацијата.

julian-assange-tf1

Оланд подоцна изјави дека лично од Барак Обама добил цврсто уверување дека ќе престане праксата на неприфатливо прислушкување на сојузниците. Асанж во интервју за француската телевизија TF1 порача европските држави да поведат правни мерки против САД, а наскоро ќе биде обелодените уште повеќе шокантни откритија.

WikiLeaks-Cartoon-French-Spying

Во документите на Викиликс се објавени фајлови од NSA во кои се збирува за активностите на француските претседатели и функционери поврзани со светската економска криза, можното излегување на Грција од еврозоната и тајните преговори во Париз меѓу Израел и Палестина, односно прашања кои директно ја засегаат надворешната политика на САД. Ваквото однесување налути дел од службениците во Париз кои бараат нов принцип на работа на тајните служби за да не се наруши довербата.

obama

Чудна коинциденција за шпионскиот скандал е што речиси во исто време во францускиот парламент беше изгласан нов закон за следење на интернет и мобилната комуникација на граѓаните со што француските власти ќе добијат огромна моќ.