Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАртуро Видал ѝ кажа збогум на „Старата дама“

Артуро Видал ѝ кажа збогум на „Старата дама“

Чилеанскиот репрезентативец одлучи да сврти нов лист во својата кариера – Артуро Видал стави потпис на четиригодишен  договор со баварскиот шампион Баерн Минхен. „Старата дама“ од овој трансфер ќе заработи околу 40 милиони евра.

Прилично возбуден за новата средина во која ќе треба добро да се вклопи, но и со почит кон тимот во кој што се изгради како фудбалер, Видал изјави:

„Им благодарам на сите фанови на Јувентус во целиот свет од дното на срцето. Благодарам за прекрасните четири години кои ги поминавме заедно. Ви посакувам многу среќа во иднина, ви ветувам дека засекогаш ќе останете во моето срце. Во душата секогаш ќе бидам играч на Јувентус. Баерн е нов чекор во мојата кариера и се надевам добро ќе се претставам овде. Сакам да му помогнам на тимот да заработи многу трофеи.“