HomeДЕНЕШНАПолитикаАртан Груби: Луѓето на УЧК владеат со Македонија

Артан Груби: Луѓето на УЧК владеат со Македонија

artan_grubi_na_top_tema

Артан Груби вечерва ја брани програмата на ДУИ на Топ Тема на Телма. Неговиот противник од Алијансата на албанците го праша каде се луѓет од УЧК со кои толку се фалат. Џафери на тоа му одговори: „Луѓето на УЧК денеска владеат со Македонија“.

Груби додаде дека секој Албанец е УЧК, цело ДУИ е УЧК, потоа почна да ги набројува сите министри во Владата кои се бореле во редовите на УЧК. Артан Груби не заборави да спомене дека командантот на бригада, Талат Џафери стана прв албански министер за одбрана. Џафери е болна точка на Стојанче Ангелов и токму тоа нема да и го прости на сегашната Влада.

Тој го праша Груби како ја гледа Македонија, а тој одговори дека ја гледа во меѓународните сојузи. Ангелов и Груби влегоа во дебата за албанскиот јазик. Ангелов рече: Секој државјанин на Македонија треба да знае македонски. Различни ставови имаат и за етничките квоти. Ангелов рече дека бара одговорност за ѕверски убиените Македонци. Ако Ахмети имаше добра волја зошто не кажа каде се закопани телата на убиените македонски војници – рече Ангелов. Груби рече дека не се согласува на злосторство, но сепак ги амнестирале членовите на УЧК.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com