Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Армиската резервистка Дешона Барбер е нова Мис на САД

Видео: Армиската резервистка Дешона Барбер е нова Мис на САД

Дешона Барбер која служела во армијата се стекна со титулата Мис на САД и за време на изборот се обиде да го сврти вниманието токму кон војниците и ветераните од војната, надевајќи се дека владата ќе им обезбеди соодветна здравствена нега и социјална заштита.

miss usa2

Дешона беше запрашана и за улогата на жените во армијата и дозволата на Пентагон да бидат вклучени во борбени операции.

„Како жена во Армијата на САД сметам дека одлуката жените да бидат вклучени во сите видови на единици е одлична. Ние сме подеднакво цврсти како и мажите, а можеме да бидеме и командири на единиците со голема посветеност“, посочи Барбер.

Прашањата за актуелната претседателска трка се обиде да ги избегне бидејќи кандидатите не се занимавале доволно со правата на ветераните.