Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАРМ гости на воениот американски врв во Вермонт

АРМ гости на воениот американски врв во Вермонт

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ, која во следните неколку дена во рамки на партнерската програма за соработка ќе оствари планирана работна посета на сојузната држава на САД-Вермонт.

-За време на престојот во САД, НГШ на АРМ ќе оствари средби на највисоко ниво со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, гувернерот на Сојузната држава Вермонт господин Фил Скот, а ќе оствари посети на воениот универзитет „Норвич“, Центарот за обука „Итан Аллен“ и агенцијата за Кризен менаџмент  и државна безбедност на Вермонт, се вели во соопштението од ГШ на АРМ.

Соработката на АРМ со НГ на Вермонт во изминативе 23 години изразена преку динамична и сеопфатна програма на активности, како семинари, вежби и други форми на обука овозможи постигнување на особено високи резултати и помош на АРМ во достигнувањето на стандардите на НАТО.