HomeДЕНЕШНАРепубликаАрифи ќе бара Југохром да не работи цела зима ако не постави филтри

Арифи ќе бара Југохром да не работи цела зима ако не постави филтри

Ако комбинатот „Југохром“ не постави филтри, тогаш зимава треба да биде затворен. Вакво барање до Владата ќе достави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Според неа, неработењето на комбинатот драстично ќе придонесе во воздухот да се намали концентрацијата на честичките штетни по здравјето на тетовци.

– Ќе побараме „Југохорм“ да не работи до март 2017 година, ако не постави филтри. Така граѓаните ќе се заштитат од аерозагадувањето. Но, ќе бараме да се запази и социјалната димензија, односно граѓаните што работат во овој комбинат да имаат месечни примања додека комбинатот не работи и тие примања да ги обезбеди Владата – изјави градоначалничката Арифи.

Таа барањето го кажа на презентацијата на проектот „Градско дрво“, кое ќе се постави во центарот на Тетово и ќе има функција да го прочистува воздухот од штетните материи.

– Градското дрво ќе биде во форма на билборд, кој може да замени 275 дрва. Ваков билборд ќе биде поставен и во Скопје и тој е составен од специфични култури на мовови, кои ќе ја апсорбираат штетната прашина од воздухот – изјави Ана Чоловиќ Лешоски од невладината организација „Еко свест“, која е иницијатор за спроведување на проектот „Градско дрво“.

И оваа година општинските власти во Тетово не ги решија проблемите со главните емитери на штетни материи во воздухот. Дивата депонија сè уште не е дислоцирана надвор од градот, сообраќајниот хаос и понатаму е присутен, а градежната експанзија полека ги уништува и малкуте зелени површини во градот.

Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com