HomeРЕФЛЕКТОРМузикаАријана Гранде и Џенифер Хадсон најавија дует

Аријана Гранде и Џенифер Хадсон најавија дует

arijana-i-dzenifer-f2

Главни ѕвезди на новиот Ен-Би-Си проект, телевизискиот мјузикл „Херспреј“, ќе бидат популарните пејачки Аријана Гранде и Џенифер Хадсон. Пејачките со моќен вокал играат една од главните улоги во новата верзија на тој култен мјузикл, чие премиерно изведување ќе биде во живо емитувано на 7 декември на Ен-Би-Си. Аријана Гранде ја толкува улогата на Пени Пинглетон, додека на Џенифер Хадсон и припадна улогата на Мортмаут Мејбел.

Тие заедно ќе ја изведат песната „Come So Far (Got So Far to Go)“, која во првата верзија на овој мјузикл во 2007 година ја пешее Квин Латифа. Џенифер на својот Инстаграм профил објави фотографија со која го најавува дуетот, а тука е и фотографија од снимањето. Во однос на тоа колку обожавателите ги сакаат вокалите на двете пејачки, нема сомение дека овој дует би можел да се најде на врвот на многу светски топ-листи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com