HomeАНТИСТРЕСПатувањеАрхитекти ќе ја градат тврдината од Господар на прстените

Архитекти ќе ја градат тврдината од Господар на прстените

Група на архитекти започнаа иницијатива за изградба на градот со тврдината Минис Тирит кој е дел од фантастичниот свет на Господар на прстените и нејзиното визуелизирање од книгите можевме одлично да го погледнеме во филмовите на Питер Џексон. Идејата е да се изгради реална реплика со сите детали во филмот и книгите која ќе служи како атрактивна туристичка локација

„Сите ја споделуваме љубовта кон работата на писателот Толкен и имаме желба да ја предизвикаме општата перцепција на заедницата и архитектурата. Веруваме дека со реализацијата на Минис Тирит можеме да ја креираме најзначајната туристичка атракција на планетата, но истовремено да креираме и прекрасно место за живеење и работа“ порача главниот архитект Џонатан Вилсон.

За собирање на средства од речиси 2 милијарди долари за реализација на проектот се води и јавна кампања за финансирање на Indiegogo каде секој фан може да донира за одредена симболична награда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com