Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАрхибригада: Ќе ги отстраниме срамните фасади од лицето на градот

Архибригада: Ќе ги отстраниме срамните фасади од лицето на градот

Идните архитекти преку Прва архибригада порачаа дека ќе ги отстранат срамните фасади од лицето на архитектурата во Скопје. Еве што стои во нивната порака:

„Ние, идните архитекти и градители на Македонија, им ветуваме на граѓаните дека ќе дојде денот кога овие безвредни (а скапо платени) кичести, шупливи, псевдо-историски, срамни и лажни фасади ќе ги отстраниме од вистинското лице на архитектурата на градот!

Ќе ја отсраниме стилската гипсана униформа која ја изработува една фирма, а со која се покриваат вредни дела на десетици македонски архитекти-автори од различни историски периоди! И тоа нема да гонаправиме од позиција на моќ или некаков авторитет, како што тоа го прават сегашниве длабоко исфрустрирани и прости политичари! Отстранувањето на лажните фасади, ќе го посакуваат граѓаните, како што посакуваа да се реконтруира стариот театар! Тоа ќе биде на некој начин фасадна археологија на која сите ќе и се радуваме – повторно откривање на вистинската историја на градот и сите негови културни слоеви – затоа што само вистината е убава и вредна! Порано или подоцна тоа ќе го сфатат сите или барем повеќето граѓани“.