Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеАрената „Филип Втори“ ќе се вика „Т-мобиле“ арена, „Борис Трајковски“ ќе се прекрсти во ВИП арена

Арената „Филип Втори“ ќе се вика „Т-мобиле“ арена, „Борис Трајковски“ ќе се прекрсти во ВИП арена

Телекомуникацискиот бренд „Т-мобиле“ наскоро и официјално се очекува да биде новиот голем деловен партнер, вклучен во раководењето на најголемиот македонски стадион, националната арена „Филип Втори“ во Скопје, дознава ЕКИПА. Во рамки на договорот би било предвидено целосно брендирање на арената под овој препознатлив бренд, со што „Т-мобиле“ би се вклучил во максимално засилена грижа за комплетниот капацитет, подобрување на условите кои ги нуди арената, но и активирање на нови проекти.

Сепак, централниот фокус за вклучување на овој деловен партнер во „Филип Втори“ е европскиот фудбалски Суперкуп во 2017 година, на кој домаќин е Скопје. Желбата е, и со помош на телекомуникацискиот оператор, Македонија организациски да го дочека големиот настан на највисоко ниво, а „Македонски Телеком“, за возврат добива моќна европска промоција.

Претходно, ОНЕ.ВИП склучи договор со салата „Борис Трајковски“, а се очекува салата да го промени името во Вип Арена.