Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалАрда Туран сака во Англија

Арда Туран сака во Англија

Турскиот репрезентативец и играч на Атлетико Мадрид, Арда Туран, се чини дека се засити од шпанскиот фудбал. Тој е решен својата кариера да ја продолжи во Англија и тоа во клуб што настапува во Лигата на шампионите. Неговиот агент изјави дека за него се заинтересирани шест клубови од кои еден е Милан, опција која Туран не ја разгледува и ПСЖ, клуб кој Арда Туран го гледа како последна опција доколку не успее да се договори со еден од англиските гиганти. Проблем во реализирањето на неговата желба е неговата откупна клаузула која изнесува вртоглави 41 милион евра.

арда туран

„Неговото заминување од Атлетико не е лесно, бидејќи тој има откупна клаузула од 41 милион евра. Во моментот преговараме со три клуба, но не би можел да ви ги откријам нивните имиња, но тие го сочинуваат кремот на англискиот и европскиот фудбал“. 

Имајќи во преглед дека фудбалерот сака да игра во Лигата на шампионите оваа година лесно е да се погодат трите клуба. Неговата идна дестинација ќе биде: Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи или Манчестер Сити.