HomeДЕНЕШНАСветАрапската пролет го чинеше Блискиот Исток 600 милијарди долари

Арапската пролет го чинеше Блискиот Исток 600 милијарди долари

TOPSHOTS  
An Egyptian boy prays at Cairo's Tahrir Square on April 1, 2011 as tens of thousands of Egyptians gathered, issuing calls to "save the revolution" that ousted president Hosni Mubarak and to rid of the country of the old regime. AFP PHOTO/STR

Арапската пролет ги чинеше земјите од Блискиот Исток 600 милијарди американски долари економски раст поради промените во владите, конфликтите и падот на цената на нафтата, соопштија Обединетите нации. Само Сирија од 2011 година претрпела загуби во БДП и капитал во вредност од 259 милијарди долари.

Цените на нафтата почнаа да паѓаат кон средината на 2014 година, а во јануари годинава паднаа на најниското ниво во последните тринаесет години. Директорот на Економската и социјална комисија на ОН за регионот на Западна Азија, Мохамед ел Моктар ал Хакене вели дека во регионот на Блискиот Исток е потребна поголема финансиска поддршка од меѓународната заедница.

„Видовме каква поддршка добија регионите како што се Латинска Америка, Источна Европа и Балканот за да се опорават од судирите. Тоа не го видовме во случајот на Блискиот Исток“ – вели тој.

Како што соопшти ОН, во тој регион имаше некои придвижувања во областите како што се рамноправноста на жените и мажите. Поминаа повеќе од пет години од почетокот на првите антивладини протести на Блискиот Исток во декември 2010 година, познати како Арапска пролет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com