Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАпсењето продолжува: Приведени нови 36 универзитетски професори во Турција

Апсењето продолжува: Приведени нови 36 универзитетски професори во Турција

Четириесет вработени на Универзитетот „Ататурк“ во Ерзурум, централна Турција, се приведени во рамките на истрагата против терористичката организација на Фетула Ѓулен, јави турската приватна телевизија НТВ.

Полицијата изврши претрес во Универзитетот при што се приведени 36 професори и доценти, како и четворица службеници. Полицијата трага по уште четири лица. По обидот за воен удар на 15 јули турските власти почнаа масовни чистки под обвинение дека се поддржувачи на Ѓулен.

МИА