HomeГИГА БАЈТПЦApple watch забранет за британските министри

Apple watch забранет за британските министри

На британските министри отсега им е забрането да носат „Apple watch“ паметни часовници поради страв дека Русите би можеле да ги хакираат, пишува лондонски „Телеграф“. Одлуката е донесена на седница на британската Влада. Претходно, употребата на мобилни телефони исто така беше забранета, потсетува изворот.

Инаку, САД јавно ги обвинува руските тајни служби дека стојат зад пробивањето на електронските преписки на Демократскиот национален конгрес. Руските хакери, исто така, се сметаат за одговорни за онлајн ширење податоци за тестирање лекови врз некои олимпијци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com