Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонApple со фантастична промоција, топ новитети со iOS 10

Apple со фантастична промоција, топ новитети со iOS 10

Главен новитет на годинешната Apple WWDC 2016 конференција е секако новата верзија на оперативниот систем iOS 10 (X) кој од старт ќе понуди неколку атрактивни промени во гласовниот асистент Siri, 3D Force Touch интерфејсот и заклучениот екран со Touch ID новитети.

iOS10-Lock-1024x496

Како прво штом го кренете смартфонот тој автоматски ќе го активира екранот, а ќе има и кратенки од заклучениот екран. Воведен е нов центар за известувања кои ќе се активираат веднаш ако има некоја итна вест. Во делот за пишување на пораки е вметнат софтвер за учење на постапките на корисникот со што полесно ќе се предвидува внесувањето на текст, а дел од пораките ќе може да ги пратите и инкогнито како приватен линк.

iOS-10-2

Siri како што се очекуваше ќе функционира и со сите надворешни апликации, па на пример ќе може со гласовни команди веднаш да испратите порака до некој од контактите преку WeChat или слична апликација за допишување. Siri исто така се сели и на десктоп за MacOS уредите, а ќе може да се користи за секаков вид на пребарувања од интернет и резултатите да се копираат директно внатре во активираната апликација.

ios 10 apple home

Apple News е сосема нов и богат сервис за информирање преку најпознатите светски медиуми, а ќе има и можност за претплата од најдобрите онлајн сајтови и мрежи. Смарт управувањето со домот како што претпоставуваме е меѓу најголемите новитети со новата Apple Home апликација за регулирање на термостатите, сензорите за светлата, бравите и алармот доколку го имате инсталирано.

ios 10 compatibility

iOs 10 ќе биде компатибилен со iPhone 5 или поновите генерации на смартфони, сите таблети од iPad 4, iPad Air, iPad mini 2 наваму и секако iPad Pro.

Извор: telefoni.mk