Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонApple прележува „детски болести“ со iOS 10 надградбата

Apple прележува „детски болести“ со iOS 10 надградбата

Штотуку лансираната надградба за iOS 10 не тргна како што треба вчера попладнето. Многу корисници на социјалните мрежи се жалат дека не можат да да извршат надградба со нивните iPhone и iPad уреди, поради проблеми со инсталирањето.

За некои процесот завршува така што уредот бара да го приклучат iOS уредот на компјутер за да направат целосен restore на оперативниот систем. Портпаролот на Apple изјави: „Имаме мал проблем со процесот за надградба на софтверот, кај мал број на корисници во првиот час од инсталирањето. Проблемот беше брзо решен и им се извинуваме на тие корисници“.

Имавте ли вие проблем со инсталирањето на iOS 10 и дали е се во ред во моментот?

Извор: telefoni.mk