Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаApple­-овиот спејсшатл напредува со полна пареа

Apple­-овиот спејсшатл напредува со полна пареа

Напосредно пред да почине Стив Џобс се појави последен пат во јавноста најавувајќи го проектот за новото седиште на Apple во Купертино. Според дизајнот, зградата за вработените на гигантската компанија, на обожавателите им изгледа како вселенски брод. Apple планира првата фаза на проектот да биде готова до наредната година или на почетокот на 2017 година.

13 илјади вработени се планирани за новите канцеларии на објектот, кој според Џобс изгледа како голем прстен со стаклени ѕидови. Главните сочни детали за проектот се големата зелена површина и соларната електрана. Градбата ќе биде со сите еколошки стандарди и нема да ја загадува околината со тоа што ќе функционира исклучиво со обновливи извори на енергија. Мора да кажеме дека ова ќе биде една од најголемите соларни електрани во светот. Затоа тамошните вработени ќе дишат со полни плеќи.

Целиот проект го гради Forster + Partners и вреди 5 милијарди долари, што не е проблем за компанија како Apple, имајќи ја во предвид растечката продажба во последниве години. Објавено е ново видео на YouTube, снимано со дрон, каде се гледа до каде е изградена Apple-овата зграда.

Извор: telefoni.mk