Tuesday, Apr 16, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонApple ја активираше музичката понуда

Apple ја активираше музичката понуда

Започна доставата на новата верзија на системот iOs 8.4 која за корисниците ќе донесе неколку подобрувања, а најзабележителна промена е секако вклучувањето на апликацијата Apple Music која во изминатиот период ја следеа мали контроверзии, заедно со Beats1 дигиталното радио каде може да слушате и голем број на квалитетни плејлисти и станици.

Apple Music е апликација вредна 3 милијарди долари и е обид да се спротистави на конкурентите како Pandora, Spotify и Google Play Music. Apple Music ќе се наплаќа 9.99 долари месечно или 14.99 долари за семејна претплата на шест корисници со тоа што се добива огромен пристап до популарни песни.

За почеток Apple Music ќе биде достапен само во САД, а потоа се очекува и глобален пласман, како и активација на Android верзијата некаде кон крајот на летото. iOs 8.4 носи и неколку подобрувања за Apple Maps, iBooks и отстранети се неколку грешки во системот.