Tuesday, Apr 16, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфон„Apple“ го продаде милијардитиот „iPhone“!

„Apple“ го продаде милијардитиот „iPhone“!

За време на состанокот во седиштето на „Apple“ во Купертин во Калифорнија, „драматично“ се појави и извршниот директор Тим Кук за да го прослави големиот момент во продажбата на милијардитиот „iPhone“ уред кој доби свој сопственик, иако „Apple“ не прецизираше кој е купецот и каде се случила продажбата.

Еден од менаџерите во компанијата „Apple“ одбил да коментира дали купецот на милијардитиот „iPhone“ добил некаков поклон, бидејќи тој станал дел од „iPhone“ историјата.

Tim-Kuk-milijarditi-ajfon 1

Извршниот директор на „Apple“ Тим Кук истакнал дека „iPhone“ е еден од најважните и најуспешните производи во историјата, еден од оние кои го промениле светот и кој станал дел од секојдневието на човекот. Овој производ дебитираше во 2007 година, а за скоро 10 години се продадени, сега веќе, повеќе од милијарда уреди.