HomeАНТИСТРЕСШтосноЈапонија ќе гради забавен парк со топла вода

Јапонија ќе гради забавен парк со топла вода

3acbcc0a00000578-3975724-image-a-31_1480254067149

Локалните власти во јапонскиот град Бепу објавија дека ќе биде направен прв спа-забавен парк. Бизарниот парк ќе ги нуди сите соддржини како обичен забавниот парк, со разлика што ќе биде полн со топла вода и во него постителите ќе одат во костими за каење и со крпи.

Бепу е познат по големиот број избор на топла вода, а градоначалникот одлучи тоа да го искористи и да привлече туристи со нови соддржини. Тој објави видео за тоа како би изгледал овој модерен и досега невиден парк, што очигледно ги воодушеви Јапонците кои се потрудиле видеото да добие и повеќе од милион прегледи.

„Изненадени сме со вака брз одговор. За само четири дена добивме милион прегледи. Верувам дека ќе биде едно од најубавите места со топла вода за туристите. Целта ни е да го направиме Бепу забавен град за турисите, но и за неговите граѓани, кои сакаме да бидат горди на своето место“ изјави Нагано.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com