HomeАНТИСТРЕСШтосноЈапонците за два дена ја поправија огромната дупка која ја „проголта“ улицата!

Јапонците за два дена ја поправија огромната дупка која ја „проголта“ улицата!

rupa-3

Се сеќаватели на дупката која се отвори во јапонскиот град Фукока и „проголта“ половина улица? Повеќе ја нема! Дупката од речиси 30 метри во пречник, во која пред една недела се сруши голем дел од една од главните сообраќајни улици во јапонскиот град Фукока, потполно е санирана.

Биле поправени цевките од канализацијата и подземните кабли, дупките биле потполнети со песок и цемент и конечно, асфалтирање. Јапонските служби работеле деноноќно, почнувајќи од 9 ноември па до 11 ноември, но пуштањето на оваа улица во сообраќајот е одложено поради безбедносни проверки.

Рано утрово улицата била отворена за пешаци, а подоцна ќе биде и за моторен сообраќај, бидејќи геолози и инжинери дале зелено светло и утврдиле дека улицата е безбедна за користење.

rupa-4

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com