Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦАпликацијата "Кој ме избришал" повеќе не постои

Апликацијата "Кој ме избришал" повеќе не постои

Се израдувавте на апликациајта „Кој ме избришал“ на Фејсбук? Ќе се разочарате, повеќе не постои.

– Драги корисници, за жал, апликацијата „Кој ме избришал“ на барање на Фејсбук повеќе не е достапна на ниту една платформа, објави програмерот на оваа апликација Антонио Куске.

Апликацијата беше дизајнирана со цел да обебзеди информација за корисниците на Фејсбук за сите оние што ги избришале од листата на пријатели. За многу кратоко време апликацијата стана многу популарна, но нејзиниот „рок на траење“ беше кус.

– Дури и ако сте ја симнале апликацијата, таа повеќе не е во функција. Ова требаше да биде корисен алат за подобрување на искуствата на корисниците на Фејсбук, но Фејсбук не го делеше тоа мислење, ја појасни Куске причината за отстранувањето на апликацијата.